Влезот за дуелот со Грција е слободен – навивачите со шанса да ги испратат ракометарите на ЕП

Сениорската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките пред настапот на Европското првенство во Германија.

Избраниците на Кире Лазаров денес и утре ќе тестираат против репрезентацијата на јужниот сосед.

Денешниот дуел со Грција ќе се игра од 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот ќе биде слободен, па навивачите ќе имаат можност да ги испратат ракометарите на ЕП.

Двете репрезентации во Солун одиграа два пријателски меча во текот на месец октомври минатата година.

Тогаш првиот дуел заврши нерешено, 29:29, додека на вториот триумфираше македонската репрезентација со 23:22.

Maкедонија славеше со 54-51 на контролата со Црна Гора, а на ЕП ја чекаат дуели со Германија, Франција и Швајцарија.