Zvonimir SRNA and Aleks VLAH, Croatia vs Slovenia, Friendly match, Zagreb, Croatia, 10.01.2025, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Влах: Го кренавме темпото и го свртевме мечот во наша корист

Словенците победија во Скопје со 32-26 и практично се пласираа на Европското првенство 2026, иако има да се играат уште три меча од квалификациите.

Искусниот Алекс Влах, кој беше најдобар стрелец во победничката репрезентација, постигна десет погодоци, ги сподели импресиите по добиените два бода

„Лошо го започнавме натпреварот, а Македонија направи убава предност од 10-4. Очекувавме ваква атмосфера, сè беше како што треба за еден врвен натпревар. Знаевме дека ќе биде жестоко. Се подигнавме по таа негатива од шест гола, го кренавме темпото, особено во вториот дел, и заслужено победивме. Сите добро се познаваме, посебно балканските репрезентации. Не нè изненадија со ништо, но домаќините почнаа одлично и одиграа добро, иако направија многу грешки. Ние, пак, ги сведовме нашите на минимум во второто полувреме“, изјави Влах.

Следниот натпревар меѓу Македонија и Словенија се игра на 16 март во салата „Бонифика“ во Копер од 18:30 часот.

Зорман: Покажавме карактер во полна сала и жешка атмосфера

 

Митревски: Игравме добро, но немавме доволно ротација

 

📷 Чекор назад во битката за ЕП – Словенија носи цел плен од Македонија!