Откако АЕК Атина го ангажираше Французинот Фредерик Бужан за нов стратег, и нивниот директен ривал за титулата Олимпијакос го смени тренерот.
По поразот од АЕК во oсминафиналето од Купот на Грција, Олимпијакос се реши за тренерска смена и е многу близу до договор со Владо Шола, најавуваат грчките медиуми.
Тој би дошол на местото на Никос Граматикос и би имал голем предизвик да го однесе клубот до грчкиот трон и што подалеку во Европскиот Куп.
Шола ја почна тренерската кариера во руската Звезда Звенигород, работеше во Ал Духаил во Катар, во хрватските Загреб, Дубрава и Дуго Село, а го водеше и некогашниот сехалигаш Пекинг Универзитет.
Од минатата година е селектор на Црна Гора, со која обезбеди место на ЕП 2024, а таму иако не се пласира во главната рунда, сепак остави одличен впечаток.