Висла Плоцк оди во елиминациите, Митревски и Порто се збогуваа со ЛШ

Тимот на Висла Плоцк е последниот патник во елиминациите од Лигата на шампионите, откако славеше против Порто со 29-28. Висла Плоцк сега има 11 бода и како шестопласирана од групата Б оди во осминафиналето на мегдан на ПСЖ.

Во директен дуел „да се биде или не“, против тимот на Никола Митревски, полскиот вицепрвак успеа да прослави победа, иако во финишот Порто израмни. Во првото полувремето најчесто водеше Порто, имаше во неколку наврати и плус три, но на пауза замина само со гол предност, 15-14.

Во вториот дел Висла Плоцк ја презема контролата на теренот, направи комплетен пресврт и влезе со три гола предност во последните десетина минути. Сепак Порто со играта „седум на шест“ се врати во мечот, успеа да израмни на 27-27, но немаше сили за нешто повеќе и на крајот Висла ги освои двата важни бода.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Зарабец, Лучин и Сердио со по четири гола, а Алиловиќ имаше пет одбрани.

Во составот на Порто, Митревски имаше три интервенции, додека Кристенсен стрелаше седум пати во домашниот гол.