Викенд маратон – еве го распоредот на сите натпревари од младинските лиги

Викендов кај младинците започнува 5. коло, каде не очекуваат интересни средби, но има и два одложени натпревари.

Бутел Скопје го пречекува тимот на Еурофарм Пелистер 2, Вардар 1961 е домаќин на Голден Арт, во Битола, кај Еурофарм Пелистер гостува тимот на Овче Поле, а составот на Прилеп ќе бара бодови против Тинекс Пролет во Скопје.

Одложени се натпреварите помеѓу Тиквеш и Мулти Есенс, Младост 1977 Богданиц и Алкалоид, додека слободна е екипата на Охрид.

Младинци, 5. коло, распоред:

28/10, 11:00 Еурофарм Пелистер – Овче Поле
28/10, 14:30 Вардар – Голден Арт
28/10, 19:30 Тинекс Пролет – Прилеп
29/10, 12:00 Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2
Тиквеш – Мулти Есенс одл.
Младост Богданци – Алкалоид одл.
Охрид слоб.

Викендов продолжува 2. коло од Младинската женска лига, каде ќе се одиграат три натпревари и една екипа ќе биде слободна.

Тимот на Илинден Вардар го пречекува тимот на Скопје, Спартак е домаќин на Куманово, Ѓорче Петров ќе гостува кај тимот на Шампион.

Младинки, 2. коло, распоред:

28/10, 12:00 Шампион – Ѓорче Петров
28/10, 12:00 Спартак – Куманово
28/10, 14:30 Илинден Вардар – Скопје
Вардар слоб.

Викендов започнува 2. коло од Пионерската женска лига, каде не очекуваат голем број натпревари.

Во групата А тимот на Старк 2022 е домаќин на Астибо, Овче Поле Славјански Универзитет го пречекува составот на Вардар, Кузман Вардар Илинден го очекува гостување кај тимот на Делчево, а екипата на Металург Автокоманда го пречекува на домашен терен Младост 1977 Богданци, кој за прв пат дебитира во пионерската женска лига.

Во група Б, Лихнид е домаќин на Металург, Младост Јуниори го пречекуваат составот на Чаир, Стружанка на домашен терен против Пелистер, додека тимот на Деспина ќе бара три бода против Ѓорче Петров во Прилеп.

Пионерки, 2. коло, распоред:

Група А
28/10, 11:00 Старк – Астибо
28/10, 13:00 Делчево – Кузман Вардар Илинден
28/10, 16:30 Овче Поле Славјански Универзитет – Вардар
29/10, 11:00 Металург Автокоманда – Младост Богданци

Група Б
28/10, 19:00 Младост Јуниори – Чаир
28/10, 20:00 Стружанка – Пелистер
29/10, 16:30 Лихнид – Металург
29/10, 18:00 Деспина – Ѓорче Петров

Викендов продолжува и пионерската екипа со 3. коло, каде не очекуваат голем број натпревари, но и дерби натпревари.
Во група А не очекува дерби натпревар меѓу Мулти Есенс и Голден Арт, тимот на Вардар гостува кај Охрид.
Во група Б тимот на Тиквеш е домаќин на Голден Арт Аеродром, Вардар Неготино го пречекува тимот на Прилеп.
Во група В Бутел Скопје е домаќин на Бисинов, Пролет ќе го угости тимот на Македонија Ѓорче Петров.

Пионери, 3. коло, распоред:

Група А
28/10, 12:00 Асови Вардар – Струга
28/10, 12:30 Мулти Есенс – Голден Арт
29/10, 11:30 Динг – Еурофарм Пелистер 2
29/10, 14:30 Охрид – Вардар
Јуниор КВ слоб.

Група Б
28/10, 13:00 Еурофарм Пелистер – Алкалоид
28/10, 14:00 Вардар Неготино – Прилеп
29/10, 11:00 Тиквеш – Голден Арт Аеродром
29/10, 17:30 Младост Јуниори – Илинден Вардар
Скопје слоб.

Група В
28/10, 11:00 Бутел Скопје – Бисинов
28/10, 13:00 Астраион – Радовиш
28/10, 14:00 КЛ7 Свети Николе – Куманово
28/10, 17:00 Пролет – Македонија Ѓорче Петров
29/10, 10:00 Текстилец – Аеродром

Викендов продолжуваат натпреваритe и од кадетската женска лига од 2. коло.
Тимот на Стружанка го пречекува тимот на Чаир, Делчево е домаќин на Јехона, Вардарки ќе бараат втора победа против Илинден Вардар, додека Ѓорче Петров е фаворит против Гевгелија.

Кадетки, 2. коло, распоред:

27/10, 16:30 Илинден Вардар – Вардар
27/10, 17:00 Ѓорче Петров – Гевгелија
29/10, 13:00 Стружанка – Чаир
29/10, 13:30 Делчево Вардар – Јехона