Веспрем со помош на ЕХФ го „ослободи“ Палашич од Бенфика!

Унгарскиот Веспрем го врати во својот состав позајмениот Криштоф Палашич од португалската Бенфика.

Иако португалскиот состав не сакаше да го ослободи голманот, поради договорот во кој стои дека „само во случај на сериозна повреда на Коралес или Јенсен“ би можел да се врати во Веспрем, сепак унгарскиот гигант успеа во своите намери со помош на ЕХФ.

Бенфика ќе се жали за ваквата одлука на ЕХФ на повисоко ниво, но многу веројатно дека тоа ништо нема да смени.

Од Веспрем тврдат дека вториот голман Мајк Јенсен има повреда, па поради тоа го враќаат Палашич, кој има договор со унгарскиот тим до крајот на сезоната.

Сепак Веспрем нема да смета на неговите услуги од лето, па Палашич од лето ќе се пресели во Бундес лигата и ќе ги брани боите на тимот предводен од Роберто Гарсија Парондо, Мелсунген.