Веспрем плати 300.000 евра и се пофали од МВП од Мундијалот во Македонија!

Левиот бек Ахмед Хешам од идното лето ќе биде играч на Веспрем, објави унгарскиот гигант, кој мораше да плати оштета за да ги добие услугите.

Египетскиот репрезентативец имаше договор со францускиот Монпелје до 2027 година, па затоа Веспрем мораше да го одврзе ќесето и плати 300.000 евра.

Хешам потпиша договор со Веспрем на три сезони, а тој може да биде продолжен за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.

Тоа значи дека МВП од кадетското СП во Македонија во 2019 година, може да остане во Веспрем најмалку до 2029 година.