Тимот на Веспрем повторно се активираше на трансфер пазарот и во своите редови донесе нов играч.
Унгарскиот шампион реши да биде посилен на позицијата кружен напаѓач и се засили со повремениот репрезентативец на Хрватска, Никола Граховац.
25-годишниот ракометар во Унгарија ќе го има вториот интернационален предизвик во својата кариера, изминатата сезона ја мина во редовите на Балинген.
Неговите добри настапи во Бундес лигата беа проследени од раководството на Веспрем, па така кружниот напаѓач повторно ќе има можност своите квалитети да ги презентира и во ЛШ.
Граховац во својата кариера беше дел и од хрватските екипи – Загреб и Дубрава. Со тимот на Загреб неколку сезони учествуваше во европската елита.
Веспрем на позицијата кружен напаѓач, освен Граховац, ќе ги има на располагање и искусните Лудофик Фабрегас и Драган Пешмалбек.
Пред неколку денови, тимот од Унгарија го промовираше Чави Пасквал за нов тренер на екипата.