Унгарскиот шампион Веспрем во натпревар од 11. коло од Лигата на шампионите на свој терен славеше против Динамо Букурешт со 33:26.
За тимот предводен од Давид Дејвис ова беше 6-ти сезонски пораз во најквалитетното европско натпреварување, но 100% ќе ја помине групната фаза.
Динамо Букурешт, моментално, се наоѓа на 5. позицијата на табелата со 10 бодови, додека Веспрем со денешната победа го зголеми бодовното салдо и се зацврсти на првата позиција со 20 бодови.
Гостите од Унгарија во целост ја оправдаа фаворитската улога, на полувреме имаа предност од 18:13 и во вториот дел не дозволија домаќинот да има било какви шанси за камн-бек.
На голот кај Веспрем одличен беше Коралес со 14 интервенции, а Хуго Деска зад своето име запиша девет погодоци. Кај Динамо Букурешт голманот Владимир Цупара имаше десет интервенции.
Романскиот шампион е следен ривал на Еурофарм Пелистер, кој вечерва силите ќе ги одмери со Спортинг Лисабон.
Фредериција пружи голем отпор на гостувањето во Германија кај Фуксе Берлин, но загуби со 36:29 (18:14).
Кај бундеслигашот повторно одлично издание имаше Ласе Андерсен со 12 погодоци, додека на спротивната страна се истакна Андерс Мартинусен со шест погодоци.