Велика Британија со трофеј на првенството во земји во развој

Репрезентацијата на Велика Британија го освои ИХФ трофејот за земји во развој, кој се одржа од 11 до 16 март во бугарскиот град Варна.

За Велика Британија ова беше прв трофеј на првенството во земји во развој, додека Бугарија со самиот пласман во финалето го постигна најголемиот успех во ова натпреварување.

Во финалето, Велика Британија славеше против Бугарија со убедлива победа од 29:25. За разлика од финалниот дуел, во групната фаза двете репрезентации се сретнаа меѓусебе, а тогаш Бугарија ја победи Велика Британија со резултат 35:22.

На петтото издание на ИХФ трофејот за земји во развој, покрај Бугарија и Велика Британија, учествуваа и репрезентациите на САД, Парагвај, Кипар, Азербејџан, Нигерија и Молдавија.