Велески: Бевме силно мотивирани, целиот тим беше на висина на задачата

Екипата на Прилеп полесно од очекуваното славеше на незгодното гостување во Скопје кај еден од директните ривали во плеј-аут фазата, тимот на Голден Арт, со 36:29.

За Прилеп денешната победа беше втор триумф во борбата за опстанок, составот на Мосјов во првото коло убедливо го совлада Скопје, додека Голден Арт во наредното коло ќе атакува на први бодови во вториот дел од сезоната.

Свој придонес во победата имаше и капитенот Филип Велески, кој одигра на висина на задачата во одбраната.

,,Ја имавме анализирано целосно играта на противникот и знаевме што да очекуваме. Бевме силно мотивирани и знаевме дека со цврста одбрана натпреварот ќе го контролираме ние. Цел тим беше на висина на задачата, сите одиграа на ниво и ги следевме инструкциите на тренерот. Секако ни помогнаа и одбраните на Иван Ангелески, кој денес беше феноменален меѓу стативите”, изјави Велески.

Прилеп во следното коло во борбата за опстанок ќе го пречека незгодниот Мулти Есенс, а капитенот очекува голема поддршка од трибините.

,,Мулти Есенс е млада и добра екипа, но ние имаме предност на домашен терен. Сепак, тоа ќе биде еден добар натпревар за уживање, ќе биде интересно. Публиката во Прилеп е одлична и таа, како и секогаш, ќе биде нашиот осми играч”, заврши Велески.

Избраниците на Божидар Мојсов моментално се лидери на табелата во плеј-аут фазата, сега имаат осум бодови на свое конто.

Прилеп продолжува победнички – Шабановиќ беше нерешлива енигма за Голден Арт