Вардарки без мака против Скопје

Ракометарките на Вардар се израдуваа на првата победа во Женската лига, откако во натпревар од 2. коло лесно го совладаа тимот на Скопје со 35:19.

Составот предводен од Александар Царчев во првото коло ремизираше против амбициозниот тим на Чаир.

Домаќинот пружи отпор само во воведниот дел, беше рамноправен до 4:4, потоа следуваа низа погодоци на вардаровиот тим, кој од минута во минута ја зголемуваше својата предност и на полувреме замина со дури 15 гола разлика, 23:8.

Во второто полувреме Вардар продолжи со силното темпо и високата разлика му дозволи во одредени моменти да се опушти. Скопје не успеа да го поправи впечатокот од првиот дел и продлжи со лошата игра во вторите 30 минути.

Вардарки иако победата ја обезбедија уште во првите 15 минути, одиграа максимално во второто полувреме и лесно ги казнуваа грешките на домаќинот, кој уште на стартот сфати дека нема што да бара во дуелот со некогашниот македонски шампион.

Одлична партија во дресот на Вардар одигра десното крило Ивона Трпевска, постигна 13 погодоци. Кај поразениот табор се истакнаа Стефани Ристиќ и Јана Равојска со по шест погодоци.

ЖЕНСКА ЛИГА