По финалето на завршниот турнир во Кадетската женска лига, беа доделени и индивидуалните признанија. Две отидоа кај второпласираната екипа на Стружанка, додека едно кај шампионот Вардар, но трите девојчиња се стружанки.
Најкорисен играч на Ф4 турнирот што се одигра во организација на битолски Пелистер беше Мила Ристовска, стружанката во редовите на Вардар.
За најдобра голманка беше прогласена Марија Дуноска, која имаше одлични партии, особено во полуфиналето против Металург, додека најдобриот стрелец исто така доаѓа од Стружанка, а тоа е Јана Петреска.
Признанијата им ги додели легендарната Индира Кастратовиќ, која е координатор на сите женски репрезентации.
Вардар стана шампион по убедливата победа над Стружанка во финалето со 32-17, откако во полуфиналето ја елиминира екипата на Пелистер, која исто така до Ф4 немаше проаз.
Вардарки ја завршија сезоната без ниту еден загубен меч и имаа 12 победи на исто толку средби.