Машката селекција на Куба, за која игра членот на Вардар – Хансер Родригез, не успеа да се пласира во полуфиналето на Пан Американските игри во Чиле.
Само победникот на овој турнир ќе игра на Олимпијада, а финалистот ќе игра квалификации за Париз, па Родригез и колегите ќе мора да се задоволат само со разигрување за пласман од петтото до осмото место.
Кубанците загубија на трите меча од групната фаза. Најпрво беа поразени од Уругвај со 25-24, потоа од САД со 30-28, како и на последната средба од Аргентина со 28-20.
Родригез против Уругвај постигна четири гола, против Американците даде исто толку, додека на „гаучосите“ им даде три погодоци.
Кубанците ги чека разигрување за пласман од петтото до осмо место, додека за титула на Пан Американските игри и пласман на ОИ ќе играат Бразил, Аргентина, Чиле и САД.