Ракометарот на Вардар, Хансер Родригез, не успеа да обезбеди место на Олимписките игри во Франција следното лето.
Селекцијата на Куба, за која настапува ол-раунд играчот, заврши на шестата позиција на Пан Американските игри што се одржуваа во Чиле, во градот Виња Дел Март.
По трите порази во групната фаза, Куба разигруваше за пласман од петтото до осмото место на Пан Американските игри.
Родригез ги продолжи одличните партии и на овие две средби. Најпрво Куба го совлада Мексико со 25-22, а вардарецот даде шест погодоци.
На средбата за петто место, Куба беше поразена од Уругвај со 30-28, а Родригез беше стрелец на три гола.
Првото место и златниот медал на Пан Американските игри го освои Аргентина со триумфот над Бразил, а тоа носи и билет за ОИ, трето место е Чиле по победата против САД, додека седмото место го освои Мексико откако славеше против Доминиканската Република.