Двократниот европски шампион Вардар бара замена за јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира на средната бековска позиција.
Потрагата се чини ќе заврши во Унгарија, во тимот на Чурго, од каде што треба да дојде Младен Крсманчиќ.
32-годишниот Крсманчиќ потекнува од Зајечар, во Србија играше за Слога Пожега, Железничар Ниш, Младост Чачак, Југовиќ, а првото интернационално искуство го имаше во Асобал лигата, каде што во 2018 година се пресели во Анаитасуна.
Од 2020 година игра за унгарскиот Чурго, каде остана четири сезони и беше меѓу најдобрите играчи.
Претходно Вардар ги донесе Томче Стојановски, Мигел Пинто, Ашреф Мергали, Дмитро Горига, а заминаа Јасухира, Томовски, Мишевски, Карапалевски и Ѓукиќ.