Тимот на Вардар го донесе четвртото засилување за новата сезона во Женската лига, откако се договори со средниот бек Нина Неделковска.
Таа доаѓа од составот на Скопје и се обврза на едногодишна верност кон некогашниот македонски првак.
Неделковска, која минатата сезона беше меѓу најдобрите поединци во тимот на Скопје, претходно настапуваше за Шпампион. Средниот бек го доби признанието за „Ѕвезда на колото“ во 6. рунда од Женската лига минатата сезона.
Претходно Вардар ги продолжи договорите со Симона Василева и Андреа Илиќ, како и со четирите младински репрезентативки – Леона Миленкоска, Вероника Ѓорѓиевска, Нина Попова и Бојана Радевска. Останаа и Михаела Велјаноска, Нина Милевска, Дафина Соколовска, како и сестрите Ива и Ивона Кимовски.
Од „црвено-црниот“ тим си заминаа сестрите Бојана и Борјана Коцеви, кои го засилија градскиот ривал Металург Автокоманда, а нови ракометарки се Марија Голабоска, Јасмина Попова и Сара Богојеска.