Тимот на Охрид денеска ќе го одигра последниот натпревар од Супер машката лига за оваа сезона, а ривал е кавадаречки Тиквеш.
Левиот бек Дејан Кукуловски ги сподели очекувањата од пресметката со Тиквеш, кој им излезе во пресрет на охриѓани и се согласи мечот наместо во Кавадарци, да се одигра во Охрид.
„После натпреварот со Татабања ни следува и последниот натпревар од домашното првенство против екипата на Тиквеш. Станува збор за млада и борбена екипа, па нè очекува еден тежок натпревар за кој немаме многу време за подготовка. Ќе излеземе максимално мотивирани и ќе го дадеме нашиот максимум за да ја завршиме сезоната во домашното првенство со уште една победа“, изјави Кукуловски.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид се игра денеска со почеток од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
























