Трајковиќ и Дамчевска „летаа“ по теренот, Чаир со триумф се врати од Куманово

Екипата на Чаир имаше победнички крај на сезоната во Супер женската лига во која го освои второто место и одново обезбеди место во ЕХФ Европскиот Куп.

Предводени од крилата Мила Трајковиќ и Билјана Дамчевска, избраничките на Басри Љатифи славеа кај Куманово со 37-26.

По израмнетиот старт на 5-5 по десетина минути игра, Чаир си го фати редот и отиде на плус осум, 14-6, а до паузата ја задржаа таа предност.

Вториот дел беше само формално одработување на задачата и гостинските ракометарки без проблеми ја обезбедија победата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Трајковиќ и Дамчевска со девет, односно осум гола, а кај Куманово се истакнаа Азеведо со седум и Стеин со шест погодоци.