Вардар се мачеше 44 минути, па го „прескокна“ Бутел

На Вардар му требаа 44 минути да ја мине „магичната граница“ од три гола предност, а потоа се беше полесно на дуелот со Бутел, што го добија „црвено-црните“ со 30-27 (16-15). После подолго време Вардар го имаше пак расположениот Стефан Петриќ кој постигна 8 гола, а кога се „кршеше“ резулатот за шест минути и одбраната и голманот Гогов беа на висина на задачата.

Речиси во текот на целио тмеч водеше Вардар, со 1-2 гола, а Бутел израмни во еден период од првото полувреме, па и поведе. Но, младиот состав на Горан Кузмановски го немаше „факторот Х„ кој може да им донесе изненадување

За само шест минути од 46 до 52 минута, Вардар направи предност од 28-21 која беше и пресудна за конечниот исход. Во тој период Гогов двапати одбрани, а Вардар брзо реализираше со што си направи да има лесна завршница.

Стефан Петриќ конечно „се разбуди“ и почна да игра онака како што очекува од него тренерот Владо Недановски, да дава голови. Со своите проектили потсети на некои од своите добри ечеви лани.

Бутел има потенцијал, но им треба искуство и искуство за да можат да издржат во ист роитам 60 минути, и секако подолга клупа од квалиттени играчи.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД880016
2ВАРДАР 1961980116
3ОХРИД870114
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР970214
5БУТЕЛ960312
6ТИКВЕШ 201493157
7ПРИЛЕП93157
8ПРОЛЕТ82246
9КУМАНОВО82064
10СТРУГА92074
11БИСИНОВ Ф. Л.91173
12РАДОВИШ90181