Екипата на Вардар славеше против Бутел Скопје со 33:30 (17:16) во полуфиналето од третата група во Купот на Македонија и за пласман на Ф4 ќе се бори против вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Избраниците на Горан Кузманоски иако загубија, сепак, можат да бидат задоволни со прикажаната игра, бидејќи беа повеќе од рамноправен ривал.
На десет минути пред крајот беше 27:27, а составот на Милано со четири гола во низа се одлепи на 31:27 и тука веќе беше јасно дека вардарци ќе победат.
Најефикасен во победничкиот табор беше Мигуел Пинто со девет погодоци, а кај Бутел одлична партија имаше Даниел Субашевски, кој заедно со Филип Николов постигнаа по осум погодоци.
Финалето од третата група меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Вардар ќе се одигра денес од 19:00 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Како што е познато, тимот на Еурофарм Пелистер 2 требаше да игра со Борец ФЛ, но велешкиот клуб пристигна со само девет играчи, па така битолчани службено го добија натпреварот.
Куп на Македонија, групна фаза, распоред:
група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале
група 2 (сала Боро Чурлевски)
27/04, 11:00, Еурофарм Пелистер – Куманово
27/04, 13:30, Радовиш – Струга
27/04, 18:30, финале
група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
19:00, Еурофарм Пелистер 2 – Вардар
група 4 (сала Билјанини Извори)
27/04, 11:00, Прилеп – Охрид
27/04, 13:00, Тиквеш – Аеродром
27/04, 19:00, финале