Вардар победнички се враќа од Битола, со серија од 11-0 го реши мечот!

Ракометарките на Вардар славеа на гостувањето кај Пелистер со 27-21 во натпревар од 26 коло во Супер женската лига.

Во првиот дел се играше израмнето, во пред паузата битолчанки направија залиха од два гола, 13-11.

Се одлепија на плус четири, 17-13, но оттогаш како да влегоа во „црна дупка“. Сите нивни грешки беа казнувани од вардарки кои од 38 до 52 минута направија серија од 11 гола по ред за 24-17.

Oттогаш само рутински одработија избраничките на Даниела Новеска и до крајот немаа проблеми да ги освојат двата бода.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Леона Миленкоска со осум и Таида Беровиќ со шест погодоци, додека кај Пелистер се истакнаа Сара Котевска со шест и Ана Стојчевска со пет гола.