Кубанскиот интернационалец Хансер Родригез по две сезони на лето ќе си замине од Вардар и ќе има нов предизвик во кариерата.
Левото крило што може да игра и на сите бековски позиции се сели во Франција и ќе го носи дресот на второлигашот Кан.
Родригез дојде во Вардар од тимот на Брага од Португалија, и ја одработуваше позајмицата од Спортинг Лисабон.
Тој потекнува од Серо Пеладо од Куба, а во 2021 година се пресели во Португалија, играше за првиот и вториот тим на Спортинг Лисабон.