Тимот на Вардар ќе мора да бара замена за средниот бек Косуке Јасухира, кој во новата сезона ќе се пресели во Кувајт, пишува „Handball arabic“.
Јасухира беше позајмен од полската Висла Плоцк во македонскиот тим, но одработи само една сезона во „црвено-црниот“ дрес.
Богатата понуда од тимот на Бурган беше привлечна за „самурајот“, кој веднаш стана миленик на навивачите на Вардар.
Полскиот шампион бараше многу висока оштета за да го ослободи од обврските, која за тимот од Кувајт не беше проблем да ја плати.
Раководоството на „црвено-црниот“ тим ќе мора да се пушти во потрага по замена за Јасухира, бидејќи покрај него замина и Мартин Карапалевски.
Од Вардар заминаа и Марко Мишевски, Дарко Ѓукиќ и Мартин Томовски, а досега потврдени засилувања се Томче Стојановски, Мигел Пинто, Ашраф Маргели и Дмитро Горига.