Покрај Порто, екипата на Вардар денеска ја доби потврдата дека во групната фаза од Лигата на Европа ќе игра против германскиот Мелсунген и исландскиот Валур.
Мелсунген славеше и на реваншот кај Елверум, а тоа значи дека во Скопје ќе дојдат екс вардарците – тренерот Роберто Парондо, десниот бек Даинис Кристопанс и пикерот Рожерио Мораес.
Вардар ќе игра и против Валур, кој загуби дури со осум разлика на реваншот кај Спачва и среќно го потврди пласманот во групната фаза по домашниот триумф со девет гола.
Раде Стојановиќ и неговиот Тримо Требње загубија на гости кај Лимож и се елиминирани, исто како и Мартин Поповски и неговиот тим Цирих. Поповски одново беше најдобар со шест гола и на реваншот со Криенс Луцерн, но победата од четири гола не беше доволна за пласман во групи.
Во групите се пласираа и чешкиот првак Карвина, шведскиот тим Иштад, како и шпанскиот Гранољерс. Се очекува утре пласманот во следната фаза да го потврдат Адемар Леон, Гумерсбах и Силкеборг.
Лига на Европа, квалификации:
Спачва Винковци – Валур 32-24
Извиѓач Љубушки – Бањик Карвина 32-26
Елверум – Мелсунген 31-36
Цирих – Луцерн Криенс 38-34
Мадеира – Иштад 35-33
Гранољерс – Кристијанштад 30-28
Лимож – Тримо Требње 35-24