Пионерки: Вардар и Ѓорче Петров на максимум

Викендов се комплетираше 4. коло од пионерската лига во женска конкуренција.

Во групата А, тимот на Вардар славеше против Металург Автокоманда со 27-12, и се зацврсти на првата позиција на табелата, сега „црвено-црните“ имаат 12 бодови на свое конто.

Делчево Вардар беше сигурен на гостувањето во Штип кај Астибо со 20 гола разлика, 27-7.

Најефикасна во тимот на Делчево Вардар беше Мелита Јованова со осум гола, додека кај Астибо најефикасни беа Ана Марија Накова и Јана Паневска со по три гола.

Во група Б, Ѓорче Петров продолжува со победите, откако забележа лесен триумф против Пелистер со 27-18.

Ања Лашкоска го предводеше Ѓорче Петров со 11 погодоци, додека кај Пелистер прво име беше Анастасија Тодоровска со осум погодоци.

Сензација направи Стружанка, која го совлада Металург со 19-10, кој доминираше во последните три кола по ред.

Ивана Трифуноска со седум погодоци беше најефикасна за Стружанка. Во поразениот табор со пет погодоци  се истакна Ана Ѓорѓиеска.

Пионерска лига (жени), 4. коло, резултати:

Група А:

Металург Автокоманда – Вардар 12-27
Старк – Овче Поле СУ 16-14
Младост Богданци – Кузман Вардар  14-6
Делчево Вардар – Астибо 27-7

Група Б:

Стружанка – Металург 19-10
Ѓорче Петров – Пелистер 27-18
Деспина – Чаир 12-17
Лихнид – Младост Јуниори 15-17