Ракометарите на Охрид ја совладаа вторпат екипата на Татабања во финалето од ЕХФ Европскиот Куп и заслужено се радуваа на трофејот.
Охрид славеше со 31-25 во втората пресметка со унгарскиот тим и на доминантен начин го освои трофејот, а честитки пристигнуваат од сите страни за охридскиот клуб.
Шампионот Вардар, вицепрвакот Еурофарм Пелистер, потоа Бутел Скопје, па Ракометната федерација на Македонија….упатија честитки по повод големиот успех.
Ова е петти трофеј во историјата на македонскиот ракомет, а го освојува четврта различна екипа.
























