В недела во Скопје ќе се крои судбината на регионалната лига!

В недела на 19 април во Скопје ќе се одржи третиот состанок по повод формирањето на Регионалната лига, во која треба да партиципираат клубови од Македонија, Србија и Црна Гора.

На состанокот ќе учествуваат претставници на ракометните федерации и клубови од Македонија, Србија и Црна Гора, како и Предраг Бошковиќ, потпретседател на Европска ракометна федерација, што дополнително ја нагласува важноста на иницијативата за создавање балканско натпреварување.

Главниот фокус ќе биде ставен на дефинирање на форматот и календарот на натпреварување, потоа утврдување на финансискиот и организацискиот модел, распределба на улогите меѓу федерациите и клубовите, како и координација и заеднички развој на ракометот во регионот.

Според плановите, во првата сезона, машката регионална лига би требало да брои 11 клубови, додека во женска конкуренција би играле осум клубови.