По Лео Прантнер, уште еден репрезентативец на Италија си обезбеди супер-трансфер во Бундес лигата.
Станува збор за левиот бек Симон Мењон, кој од Ајзенах ќе се пресели во редовите на Штутгарт.
25-годишниот ракометар и раководството на Штутгарт се договорија на соработка, која ќе биде со важност од три сезони.
Италијанецот во дресот на Ајзенах има одиграно 53 натпревари и постигнато над 130 погодоци.
Мењон на Светското првенство 2025 беше еден од клучните играчи на Италија и меѓу најзаслужните за обезбедениот пласман во главната фаза.
Во својата кариера беше дел од Монпелје, со овој тим ја освои титулата во ЛШ во сезона 2017/18, но не успеа најдобро да се снајде во францускиот клуб.
Ракометарите на Италија испишаа историја на Мундијалот, па така поголемиот дел од нив станаа мета на силни клубови.
Германците најавија: Големата надеж на Италија пред промоција во Фуксе Берлин