Унгарскиот ракомет е завиен во црно поради страшната трагедија во која настрада голманот Кевин Панцел.
Членот на унгарскиот суперлигаш Ѓенѓеш животот го загубил во сообраќајна несреќа, која се случила во понеделникот наутро, а имаше само 20 години.
Медиумите од Унгарија јавуваат дека под неразјаснети околности возилото пикап, во кој бил самиот голман, се судрило со две паркирани камионски приколки на автопатот 32, близу Хатван.
Во несреќата возачот на пикапот не е повреден, но Панцел, кој се наоѓал на совозачкото седиште, веднаш починал
Панцел за Ѓенѓеш настапуваше од 2013, ги мина сите младински категории во тимот и стигна до сениорскиот дрес.