Браќата Илиевски ќе судат важен меч на ЕП

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за третото коло на Европското првенство во Романија.

Македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски ќе го судат натпреварот меѓу Романија и Израел.

Овој натпревар се игра од 16:00 часот, а двете селекции имаат шанси за прогрес во главната рунда.

Ова е втора задача за македонските арбитри на ЕП откако го судеа и дуелот од првото коло меѓу Унгарија и Чешка.