Унгарија оди на Олимпијада, Португалија на колена во Татабања!

Репрезентацијата на Унгарија е последниот патник на Олимписките игри, кои во периодот од 26 јули до 11 август ќе се одржуваат во Париз.

Унгарија во последното коло од олимписките квалификации мораше да ја совлада Португалија за да замине на најголемата спортска манифестација.

Избраниците на Чема Родригез триумфираа со 30:27 и го освоија второто место во третата квалификациска група, која се играше во Татабања.

Од оваа група, освен Унгарија, пласман на Олимписките игри во Париз обезбеди и Норвешка.

Репрезентациите на Шпанија и Словенија се патниците во Париз од првата група, додека Германија и Хрватска од втората група.

Шпанија го совлада Бразил и ја „чекира“ Словенија за Париз!

 

Германците се пласира на ОИ, Словенците чекаат услуга од „фуријата“