Селекцијата на Унгарија е следниот ривал на Македонија на Европското првенство за младинци во Словенија.
Унгарците го освоија првото место во групата Ј од разигрувањето за пласман од 9-16 место со две победи и едно реми.
Последното реми со домаќинот Словенија, 29-29 и освоениот бод, ги однесе Унгарците до првото место, откако претходно со голем пресврт славеа против Србија, и против Хрватска.
Франција ќе се соочи со Хрватска, Македонија со Унгарија во текот на утрешниот ден. Победниците одат в битка за 9 место, додека поразените ќе играат за 11 место в недела, на 21 јули.