„Мора да се приближуваме кон светските велесили кои газат од прва до последна секунда“

Македонија славеше со 38-23 во реванш натпреварот против Словачка и со вкупни 22 гола разлика се пласираше на Мундијалот во Германија.

Најискусниот во македонскиот тим, голманот Никола Митревски, го сумираше настапот во бараж двомечот.

„Одигравме максимално на двата меча од прва до последна секунда. Победивме со седум разлика, но сакавме и пред наша публика да ја потврдиме победата и таа да биде што повисока. Мора да се приближуваме кон светските велесели, кои газат ако осетат слабост, газат од прва до последна секунда. Можеби можевме и повеќе, но мислам дека е доволно и заслужено. Благодарност до сите што ни дадоа поддршка, денеска беше национален ден на ракометот и честитки за РФМ за одличната организација, беше убаво да се игра пред полна сала и оваа публика“, изјави Митревски.

Македонија во ждрепката за СП на 10 јуни ќе ги чека ривалите во групната фаза.