Во седиштето на ЕХФ во Виена денеска беше извршена ждрепката за двојките од третото коло во Европскиот Куп.
Единствениот македонски претставник во ова натпреварување, шампионот Ѓорче Петров доби лесен ривал.
Станува збор за белгискиот Ојпен, кој во второто коло го елиминира литванскиот тим Жалгирис Каунас со победа 36-27 и пораз 29-27.
Претходно Ѓорче Петров го елиминира црногорскиот претставник Тиват со убедливи 72-46 во двомечот.
Натпреварите од оваа рунда се играат на 11/12 ноември, односно една недела подоцна, по што ќе бидат познати најдобрите 16 во Европскиот Куп.
Ѓорче Петров ќе гостува на првата средба, освен ако не биде договорено двете средби да се играат кај еден од ривалите.
Европски Куп, 3 коло, двојки:
Бенфика – Неистин
Кинзварт – Вестфрисланд
Коњалти – Гранољерс
Јенимале – Макаби Аразим Рамат Ган
Ериче – Изола
Слован Дусло Сала – Бјеловар
Рудар – Пилаја
Јувента Михаловце – Истогу
Ајдовшчина – Херцогенбуше
Венло – Кријава
Ојпен – Ѓорче Петров
Вестманејар – Мадеира
Бриксен – Јаликавак
Јонијас – Елче
Феникс – Салерно
Гран Канарија – Дуго Село