Андреј Петковски ќе го брани голот на чешкиот шампион!

Македонскиот чувар на мрежата Андреј Петковски ќе има нов предизвик на меѓународна сцена во претстојната сезона.

Петковски, кој има 25 години, по одличните настапи во полскиот Пулави, го привлече вниманието на повеќе клубови, но се реши за чешкиот првак Талент Плзен.

Таму своевремено играше десното крило Никола Костески и остави голема трага, а Петковски се очекува да ја продолжи одличната низа на настапи.

За Петковски, ова е нов предизвик по настапите за Вардар, Вардар Јуниор, Голден Арт и Пролет, каде беше четири сезони.

Андреј е син на легендарниот македонски репрезентативец Зоран Петковски.