Аргентинецот Николас Боно по една сезона во македонскиот шампион Вардар, се врати во Франција, каде играше пред да дојде во Скопје.
Средниот бек кој беше МВП на шампионатот на Средна и Јужна Америка потпиша за тимот на Тулуз и одново ќе игра во Франција.
Боно оваа сезона одигра 46 натпревари за македонскиот првак во сите конкуренции и даде 117 погодоци.
Тој потекнува од аргентинскиот тим Балестер, мина краток период во бразилскиот тим Таубате, а од 2021 година е интернационалец во Европа и секоја сезона менува клуб.
Играше за шпанските Замора и Синфин Сантандер, за француските Шербур и Истр, па една сезона во Вардар и сега се сели во Тулуз.
























