Андоновски донесе триумф за Трст

Екипата на Трст, во која настапува македонскиот интернационалец Даниел Андоновски, им се врати на победите во најсилното натпреварување во Италија.

Трст во натпревар од 19. коло славеше над Касано со 26:21 и со новите освоени бодови направи голем чекор кон походот за опстанок во италијанската елита.

Касано, кој се наоѓа меѓу најдобрите клубови во тамошниот шампионат, натпреварот го загуби уште во првото полувреме кога на пауза замина со негатива од минус три, 12:9.

Андоновски беше меѓу најдобрите стрелци во победничката екипа, имаше четири погодоци и неколку асистенции кон своите колеги.

Следен предизвик за Андоновски и Трст ќе биде гостувањето кај екипата на Сасари.