Екипата на Тримо Требње, која е предводена од селекторот на машката сениорска репрезентација на Словенија, Урош Зорман, успеа по вторпат да го добие дерби дуелот против актуелниот словенечки шампион Целје.
Тримо Требње во натпревар од 14. коло од најсилното словенечко натпреварување славеше над „пиварите“ со 33:29 (18:17) и се задржа на постоечката, прва позиција на табелата, моментално, на свое конто има 26 бода.
Ниту 11 погодоци на Митја Јанц не беа доволни за поволен резултат на Целје, кој сега заостанува на три бода зад моменталниот лидер, па така избраниците на Алем Тоскиќ до крајот на шампионатот не треба да си дозволат нов кикс.
Целје на почетокот на тековната сезона, исто така, беше поразена од Трибо Требње, тогаш загуби со 29:25, но има остварено и реми против незгодниот тим на Горица.
Токму Горица е следен ривал на Целје, додека Тримо Требње во 15. коло за ривал го Горење Велење, тим кој е второпласиран со 24 бода.