Словенечкиот стратег Бранко Тамше е наследникот на Раде Стојановиќ на клупата во Тримо Требње.
Иако Тамше беше во преговори со Словењ Градец, договор не беше постигнат, па сега доаѓа на местото на македонскиот стратег и денеска беше промовиран во Требње, со кој потпиша договор до 2027 година.
Тамше долги години работеше во Горење и Целје, а потоа и во двата најдобри хрватски клубови Загреб и Нексе Нашице.
По заминувањето од Нашице беше во комбинација за клупата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, но немаше договор, па оттогаш беше без ангажман.
Стојановиќ го внесе Тримо Требње во полуфиналето од словенечкиот плеј-оф, но македонскиот стратег и раководството на клубот не се договорија за продолжување на соработката.