ТРИ ЅВЕЗДИ НА 22. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 22. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 22. коло има по една ракометарка од Куманово, Деспина и Металург Автокоманда.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 22 коло, резултати:

Скопје – Чаир 24:40 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Деспина 20:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Спартак 31:36 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Стружанка 39:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ- Ѓорче Петров 17:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Пелистер 27:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Металург Автокоманда 22:45 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 22. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Исидора Котевска - Металург Автокоманда
53.36%
Ангела Камческа - Прилеп
41.65%
Сара Цветановска - Куманово
4.99%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 22. КОЛО

Сара Цветановска (Куманово) – Кружниот напаѓач на вицепрвакот повторно имаше одлична партија. Цветановска на натпреварот против Пелистер постигна десет погодоци и беше најзаслужна за обезбедената победа.

Ангела Камческа (Деспина) – Членката на прилепскиот тим беше шутерски расположена на дуелот против Гевгелија, имаше 14 успешни реализации, но и неколку асистенции кон своите колешки.

Исидора Котевска (Металург Автокоманда) – Средниот бек, кој од натпревар во натпревар игра на се подобро ниво, беше еден од главните стрелци на новакот против Астибо и зад своето име запиша осум погодоци.