Вардарки ја продолжија победничката серија во Женската лига

Ракометарките на Вардар ја продолжуваат серијата победи, откако во 22. коло од Женската лига на свој терен триумфираа против Стружанка со 39:24.

Вардарки немаа многу проблеми за да стигнат до убедливата победа, која што беше најавена уште во првите 30 минути.

На пауза „црвено-црните“ имаа предност од 21:10, потоа во вториот дел продолжија со исто темпо, постигнувајќу уште 18 гола.

Прво име во составот на Вардар беше Ивона Трпевска со седум погодоци, шест додаде Симона Василева, по пет имаа Леона Миленковска и Бојана Радевска.

Кај Стружанка листата на стрелци беше предводена од Маја Раткушиноска, која постигна шест погодоци.

Вардар во следното коло ќе гостува кај Металург Автокоманда, додека Стружанка ќе го пречека Пелистер.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223