Ѓорчепетровки рутински одработија во Свети Николе

Ракометарките на Ѓорче Петров во рамки од 22. коло од Женската лига очекувано забележаа победа над Овче Поле СУ со 35:17.

За шампионот денешниот триумф беше 21-ви во тековната сезона и со новите три бодови дојде до 64 на свое конто.

Овче Поле СУ на 22 одиграни натпревари успеа да оствари седум победи, доволно да ги избегне последните две места на табелата.

Избраничките на Симе Симовски на гостувањето во Свети Николе немаа проблеми да стигнат до убедливата победа, која беше најавена уште во првите 30 минути.

Домашниот тим беше рамноправен само во воведниот дел, потоа „лавиците“ започнаа постепено да се одлепуваат.

Ѓорчепетровки на пауза имаа предност 14:10 и рутински го одиграа вториот дел, во кој домашниот тим постигна само седум гола.

Емилијана Ризоска ги предводеше стрелците во победничката екипа, постигна десет погодоци, додека во поразениот табор се истакнаа Елена Вучевска и Јована Конева со по пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА231211037
7ПЕЛИСТЕР 2012231011231
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2310223