Шведскиот десен бек Лукас Сандел го раскина договорот со унгарскиот гигант Веспрем, иако требаше да остане уште една сезона. Најавената соработка со Иван Мартиновиќ е причината што Сандел си оди од Веспрем.
Некогашниот полски репрезентативец Пјотр Вишомирски си замина од Горњик Забже и во иднина ќе брани во Калиш. Тој ја почна кариерата во Азоти Пулави, бранеше во Чурго, ПИК Сегед и Татабања во Унгарија, како и за бундеслигашот Лемго.
Данскиот тренер Расмус Поулсен, кој беше промовиран во тренер на Валчеа, па веднаш сменет, замина од Романија и се пресели на Фарски Острови. Тој ќе го води шампионот Киндил, кој доаѓа на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Десниот бек Јовица Николиќ, кој досега играше за српскиот вицепрвак Војводина, заминува во Кувајт и ќе ги брани боите на тимот на Бурган, каде веќе играат Стипе Мандалиниќ и Косуке Јасухира.