Француската репрезентативка Хадату Сако ја продолжи верноста кон европскиот првак Ѓер за уште две сезони. Таа имаше договор до 2027, но раковдоството на унгарскиот гигант реши да и понуди продолжување до 2029 година.
Десното крило Исак Персон од идното лето ќе се пресели во данскиот ГОГ Гудме кој сезонава игра одлично од Лигата на шампионите. Персон лани беше дел од Магдебург, оваа сезона е дел од шведскиот Малме, а од идното лето одново ќе заигра во елитата.
Кружниот напаѓач Фредерик Ладефогед, кој игра во романскиот шампион Динамо Букурешт, според „RTHandball“ од идното лето ќе игра за францускиот гигант ПСЖ, каде тренер е неговиот сонародник Стефан Мадсен.
По Борут Мачковшек, словенечкиот шампион Слован Љубљана има на мета уште еден репрезентативец. Според „Handballia“ на мета на Урош Зорман е кружниот напаѓач Лан Грбиќ, кој игра за Тримо Требње.