- Левиот бек Хуан Паломино на крајот на оваа сезона заминува од каталонскиот гигант Барселона и ќе се врати во составот на Ла Риоха, со кој потпиша договор на две сезони.
- Австрискиот репрезентативен голман Константин Мостл ја продолжи верноста кон тимот на Лемго за уште три сезони и ќе го брани голот на бундеслигашот најмалку до 2028 година.
- Унгарскиот Ференцварош на лето покрај со Андреа Лекиќ, ќе се раздели и со левиот бек Сандра Солоши Зачик. Таа е поранешна репрезентативка на Унгарија, којa 14 сезони во три наврати ги бранеше боите на Ференцварош.
- Новиот дански проект, ХОЈ, каде игра Ханс Линдберг, а на лето доаѓаат Хампус Ване и Тил Климпке, купи и пивот од Кадетен. Станува збор за шведскиот кружен напаѓач Касем Авад, кој претходно играше за Елверум и Малме.
- По Итана Грбиќ и Ава Н’Дијае, црногорскиот шампион Будуќност го промовираше и третото засилување за наредната сезона. Тоа е левото крило на полската селекција Дагмара Ноцун, која доаѓа од романскиот тим Глорија Бистрица.
- Голманот на Партизан, Сеид Хеидарирад, ќе остане да го брани голот на српскиот тим и наредната сезона. Иранецот со романски пасош ги задоволи вкусовите на раководството и доби нов едногодишен договор.




