ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Миклер ќе брани и на 40 години, Келце донесе лево крило, Чигиринова верна на ЦСКА

  • Русинката Наталија Чигиринова, која од 2019 година го носи дресот на ЦСКА Москва, ја продолжи верноста со шампионот и за следната сезона. Претходно соработката ја продолжија и Карина Сабирова, Aнастасија Иларионова, Антонина Санталова…
  • Искусниот Роланд Миклер и во наредната сезона ќе го брани голот на унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, откако ја продолжи соработката за уште една сезона. Тој ќе биде дел од дуото со Швеѓанецот Тобијас Тулин.
  • Полскиот Келце објави дека е потпишан договор со 26-годишното лево крило на националниот тим, Пјотр Јарошевич до 2028 година. Тој доаѓа од Азоти Пулави каде оваа сезона постигна 99 погодоци на 26 меча.
  • Унгарскиот тим Мошонмаѓаровар по ангажманот на тренерот Драган Аџиќ успеа да договори уште едно капитално засилување за наредната сезона. Некогаш големиот талент на унгарскиот ракомет, Ноеми Хафра, откако имаше неуспешни авантури во Будуќност и Лудвигсбург, се врати во Вац, каде ќе ја доврши сезонава, а потоа оди во амбициозниот Мошонѓаровар.