Куманово на шопинг во Бутел Скопје – носи кружен напаѓач

Екипата на Куманово продолжува активно да го гради ростерот за новата сезона во македонската Супер лига. По обезбедениот опстанок, клубот започна со засилувања на позициите што останаа испразнети по заминувањето на неколку ракометари.

По ангажманот на Наум Костов, Филип Мечкароски, Марко Трајковски, Бојан Гичев, како и средниот бек од Египет, Хамза Мамду Солиман, кумановци пикираа ново име, дознава 24Ракомет.

Станува збор за 20-годишен кружен напаѓач, Матеј Новаковски, кој последните две сезони ги мина во редовите на Бутел Скопје.

Новаковски, кој беше на списоците на кадетската и младинската репрезентација на Македонија, претходно настапуваше во Автоканда.

Куманово остана без Давид Димевски, Тоше Ончев, Борјан Цековски, Мартин Иванов и Александар Стојков, но раководството го засилува ростерот пред стартот на новата сезона во која очекува да има важна улога во Супер лигата.