ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Алборг го задржа Ларсен, Силва ќе се проба во Данска, Марковиќ заминува од Панчево

  • Данскиот Алборг го задржа десниот бек Мартин Ларсен и за следната сезона. 31-годишниот Ларсен кариерата ја почна во Алборг, играше за францускиот Екс Ан Прованс и германскиот Лајпциг пред во 2021 година да се врати дома.
  • Минатогодишниот учесник на Струшкиот турнир, Динамо Панчево, на крајот на оваа сезона ќе се раздели со стратегот Драган Марковиќ, иако овој тим оствари солидни резултати на домашно и европско тло сезонава.
  • Некогаш големиот португалски талент Диого Силва, кој во моментов е член на францускиот Екс Ан Прованс, од лето ќе има нов предизвик во кариерата. Тој ќе се пресели во данскиот Колдинг.
  • Полскиот репрезентативен голман Матеуш Корнецки на крајот на оваа сезона ќе си замине од тимот на Ајзенах, бидејќи таму доаѓа Силвио Хајневетер. Корнецки се сели во Балинген, со кој потпиша договор на две сезони.
  • Десното крило Владо Матановиќ, по настапите за Загреб и Винковци, од лето ќе се врати на местото каде ги имаше најдобрите настапи во кариерата – Велење. Матановиќ потпиша договор на две сезони со тимот на Горење.