Данскиот првак Алборг ги врза со долги договори средниот бек Томас Арнолдсен и десниот бек Мадс Хоксер. Арнолдсен ќе остане најмалку до 2028, додека Хоксер ќе биде дел од Алборг најмалку до 2027 година.
Официјалниот сајт на Фленсбург објави за потпишаниот договор со десното крило на словенечката репрезентација, Домен Новак. Тој ќе се пресели од Велцар во Фленсбург следното лето и ќе ја продолжи бундеслигашката авантура.
Шведската репрезентативка Карин Стромберг по распадот на францускиот Нант ќе се пресели во норвешкиот шампион Вајперс Кристијансанд. Средниот бек Стромберг настапуваше претходно за Скуру во татковината и данскиот Виборг.
Бундеслигашот Ерланген објави дека е потпишан договор со австрискиот репрезентативец Тобијас Вагнер. Досегашниот кружен напаѓач на Брегенц одново ќе се проба во странство откако играше за Балинген и Тулуз.